
После 19ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, најави премиерот Мицкоски.

Како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините, се сеќавате Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа не поднесе тогаш проект, односно поднесе еден проект којшто не ги исполнуваше условите. Додека пак сега во вториот повик поднесе неколку проекти, улици генерално за асфалтирање и реконструкција и сите тие проекти беа одобрени од страна на Владата и ќе ги финансираме во периодот којшто следи.
Како Влада сакаме да пратиме порака дека ние сме Влада на цела Македонија, на сите општини.
Аргумент плус е и што веќе од 19ти Октомври ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе можат на струмичани да им понудат проект повеќе, сето она коешто претходно како што кажав било заборавено.
Така што, еве продолжуваме да работиме, да испорачуваме, тоа е она што кое како Влада го дадовме како ветување пред граѓаните и тоа сакаме да го реализираме