Skip to main content

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје на 19 февруари во 11 часот свечено ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Пред присутните ќе се обрати директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот.

На свеченоста ќе настапи актерот Никола Ристановски, а поезија ќе читаат ученици од основните и од средните училишта.