Поради големиот интерес, изложбите ,,Мал формат” и ,,МиниАРТура” ќе се отворат на 11 моември од 19 часот во Музеј Галерија Кавадарци, и поставките ќе биидат отворени за посета до 20.12.2024.
Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.
Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници.
Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт.
Проектот е подржан од Министерството за култура и туризам.