Skip to main content

Македонскиот стрип на меѓународниот фестивал „Цртани романи шоу“ во Загреб

Македонскиот стрип ќе биде претставен на меѓународниот фестивал „Цртани романи шоу“ (CRS), што ќе се одржи од 17 до 19 април во Загреб, Хрватска. Во рамките на настанот, со поддршка од Министерството за култура и туризам, ќе учествува стрип-промоторот Томе Трајков.

Трајков, заедно со хроничарот Александар Стеванов, ќе одржи панел-промоција на тема „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина“. Фестивалот ЦРС (CRS) е еден од најреномираните во регионот, со богата програма што вклучува изложби, промоции, работилници, косплеј и средби со меѓународни гости.

Учеството на македонските претставници придонесува за промоција на домашната стрип-сцена и размена на искуства за нејзин понатамошен развој.

Поврзани вести