Skip to main content
На Арсенале, Македонија се претстави со проектот Strada Brutalissima

Голем успех на Министерството за култура и туризам и за македонската архитектура: Македонскиот павилјон на Венециското биенале вброен меѓу 10 највпечатливи

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони
Министерство за култура

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune!

На Арсенале, Македонија се претстави со проектот Strada Brutalissima под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Проектот отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.

Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж. Горди сме на нашите автори и сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа, велат од Министерството за култура.

Поврзани вести