
Замислете го моментот кога вашето дете првпат ќе седне во салонот, светлата ќе се пригушат, а пред него ќе блесне свет исполнет со боја и музика. Тоа е спомен што се памети, вемат од Национална опера и балет.
Во време кога децата растат опкружени со екрани, брзи содржини и кратко внимание, секој родител се соочува со ист предизвик – како да понудиме нешто вредно, живо и вистинско. Нешто што ќе ја развие фантазијата.
Балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, која е дел од репертоарот на Македонската опера и балет е приказна што зборува за грижата, сочувството и одговорноста, вредности кои секој родител би сакал да ги пренесе на своите деца.
Моментот на откритие доаѓа кога ќе сфатите дека уметноста може да биде јазик што децата го разбираат без објаснување. Преку музиката, танцот и сценската магија, „Доктор Офболи“ ги учи најмалите дека добрината е сила, а грижата за другите, доблест.
Оваа претстава:
– ја развива емоционалната интелигенција;
– ја поттикнува љубопитноста и имагинацијата;
– создава позитивна асоцијација со културата уште од најрана возраст;Родителите кои веќе ги погледнале детските претстави во МОБ често велат: „Децата зборуваат за претставата со денови.“ И, тоа е најсилната препорака.

Македонски



