
Министерот Љутков на состанокот истакна: „Во време кога економскиот раст се мери не само преку индустриска продукција, туку и преку културна длабочина и креативен капацитет, потребно е да ја препознаеме стратешката вредност на спојот меѓу културата и туризмот. Ваквите и слични собири мораме да ги користиме за сеопфатно да ја осмислиме нивната синергија како двигател на креативната економија – економија што расте од идеи, се храни со иновации и се темели на човечките вредности“.
Состанокот беше уште една можност да се претстават досегашните постигнувања на министерствата во областа на културата, како и да се обезбеди платформа за унапредување на регионалната соработка и средби со клучни меѓународни партнери кои го поддржуваат економскиот раст преку културата и креативните индустрии.