Skip to main content

Љутков: Културата ја враќаме на нејзиното место- во срцето на општеството, а туризмот ќе биде нејзината нераскинлива врска и неминовно ќе донесе економски просперитет и бенефит

Денес, кога ја одбележуваме првата годишнина од нашата работа во Министерството за култура и туризам, не зборуваме за исполнување на тековни обврски или административни извештаи – туку за целосно ресетирање и рестартирање на културата и туризмот, истакна на денешната прес конференција министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Ова е времето на нови пристапи, времето на стратешки и реформски определби, времето на професионалци и стручни тимови со енергија и желба за просперитет!

Да потсетам дека во 2024 година наследивме култура без стратегија, без утврдени приоритети и акциски план, Годишна програма со скратени средства за програмски активности, инвестиции сведени на минимум и без динамика на реализација и целосно девастирани институции. Наследивме долгови и тоа 273 милиони денари само по основ плати во Националните и во локалните установи, кои ги обезбедивме со ребаланс на буџетот за 2024 година, а дополнително обезбедивме и 71 милион денари за програмски активности и преку 78 милиони денари проекти за општините.

Од денешна перспектива, можеме со сигурност да кажеме дека културата повторно се наоѓа во фокусот на јавниот сцена/живот. Р.Македонија добива културни политики кои носат и ќе носат реални резултати, институциите добија нова енергија, а граѓаните квалитетна и богата културна понуда, рече Љутков.

Информираше дека е реализиран реформски Годишен конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата, а за прв пат, оваа година се донесени и посебни акти кои се поврзани со постапката за спроведување на Годишните конкурси.

Оваа јасна структура беше основа за транспарентна и квалитативна распределба на средствата. Ставивме акцент на финансиските потреби на Националните установи, односно за нивно збогатување со квалитетни програмски содржини, секако, не на сметка на другите корисници кои партиципираат во културниот живот.

Го зголемивме буџетот за областите и активностите од културата за 2025 година за 55 милиони денари. Воедно, со правилно планирање на буџетските средства, а врз основа на сеопфатна анализа, видно зголемување на Буџетските програми имаше во дејностите Драмска за 40%, Меѓународна и Заштита на аудиовизуелните добра за 30%, потоа, Визуелните уметности, архитектура и дизајн, Библиотечна, како и Издавачка дејност за 25%.

За прв пат воведовме делегирани буџети за 18 установи, со целосна  можност за самостојно планирање и креативност на менаџерските тимови.

После 8 години повторно објавивме Конкурс за креативните и културните индутрии на кој се поддржани околу 70 проекти и манифестации, кои треба да се реализираат во наредните 4 месеци. (14 милиони денари)

Годинава, работевме на зајакнување на продукцијата во нашите национални установи. Граѓаните веќе можат да видат разлики во културната понуда низ целата земја. Особено внимание посветивме на младите воведувајќи новитети во финансирањето, како и цела нова програма за мобилност. Во фокусот беше и инклузивноста, различностите, како и на соодветната етничка застапеност на сите заедници во Македонија.

На меѓународната сцена, ја промовиравме македонската култура на реномирани меѓународни фестивали и манифестации, а во континуитет работиме и на зголемување на видливоста на културно-информативните центри во странство.

На 160  уметници трајно го уредивме работниот статус преку трансформација од определено на неопределено време.

2025 е година во која Македонија го одбележува 80-годишниот јубилеј од кодификацијата на современиот македонски јазик и усвојувањето на правописот. Во тој контекст, Министерството за култура и туризам реализира годишна програма за одбележување на овој јубилеј, при што организираше значајни настани, поддржа низа проекти, научни трудови и академски книги од областа на македонистиката. Формиран е и инспекторатот за македонски јазик, кој е во фаза на стручно екипирање.


Во областа на заштитата на културното наследство, работиме со јасни приоритети, базирани на повеќегодишна стратегија. Голем број капитални проекти кои беа со години заглавени или оставени на пола пат, се одново започнати, а ќе бидат целосно финализирани во периодот што следи. Со тоа, тие ќе станат не само заштитени вредности, туку и основа за нов развој на културниот туризам.

Посебно горди сме на тоа што археологијата конечно доби третман што го заслужува, преку  активни истражувања на клучни локалитети како Корошишта, Била Зора, Манчевци, Баргала – Штип, Стибера – Прилеп и Тумба Маџари. Ова е инвестиција и во науката, но и во националниот идентитет.

Беа посочени капитални проекти на министерството за култура и туризам од областа на заштитата на културното наследство на кои активно се работи : – Аквадуктот во Скопје, каде во тек е реализацијата на третата фаза од проектот кој опфаќа реставрација и конзервација на арките од бр.1 до бр.10. За периодот од 2025 до 2028 година предидена е целосна реализација на конзерваторско реставраторските работи до столб 29, односно до коритото на реката Серава.

За оваа реализација, согласно проектот и Предмер пресметка е предвидена  сума од 77.500.000,00 денари

– Реконструкција на Спомен куќата на Лазар Личеновски

Во периодот од 2025 до 2027 година предидена е целосна реализација на конзерваторско реставраторските работи на Спомен куќата, овој проект ќе се финансира во повеќегодишни буџети во износ  од 34.550.000,00 денари. Проектот е во фаза на обезбедување на одобенија за градење.

– Конзервација и реставрација, конструктивна санација и адаптација на “  – „Шалтер сала“,Скопје

Во изминатиов период целосно се посветивме да ја изработиме проектна документација за оваа фаза на  проектот. Во овој момент сме во постапка за обебедување на потребните одобренија за изведба на непосредната заштита на Шалтер салата , и оваа година очекувам да започнат и активностите. Во буџетот обезбедивме  14 милиони денари за овој капитален проект.

Работиме и на Скопското Кале, симболот на градот Скопје, кое за жал беше заборавено во изминативе 7 години. Поради целосната негрижа, Управата за заштита на културното наследство изработи технички преглед со предмер пресметка  за санација на  објектите планирани како музеј на праисторискиот и музеј на отоманскиот период, за кои се потребни дополнителни 8.000.000 денари кои ќе бидат обезбедени со ребалансна буџетот, а нивното ставање во употреба очекуваме да биде во последниот квартал од годината. Она што сакам да највам е дека следната недела ќе се одвива голема акција за чистење и средување на Калето.

Истата слика ја имавме и со Свети Климентовиот универзитет на Плаошник, за кој веднаш во 2024 година ги продолживме  активностите за неговото за возобновување. Реализирани се активности на Богословскиот факултет, фаза карабина и фасада во вкупен износ од 17.700.000 денари. за што За овој проект беа обезбедени 10.000.000 денари, а согласно со динамиката на активностите за целосно завршување на објектите,со ребаланс на буџетот за 2025 година ќе бидат обезбедени дополнителни 39.000.000 денари

 -Конзервација и санација на покривот и фасадата на црквата „Св. Кирил и Методиј“- Струмица и – Санација на покривот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча – Конечно и  во Струмица ќе се завршат овие два  капитални проекти кој беа заборавени и оставен иако претставуват значајно културно наследство. На терен започнати се активности и на двата проекти.  МКТ ги обезбеди сите сретства од 16.200.000 денари.

– Спомен дом во Разловци– Ја завршивме и изработката на проектот за Спомен домот на Разловечкото востание. Проектот опфаќа целосна реконструкција на објектот и формирање на постојана музејската поставка. Вредност на целиот проект вклучувајќи ја и поставката  е околу  22 милиони денари.Очекувам сите формални процедури да завршат во следниов период и овој капитален проект да заврши до мај 2026 година и истиот да биде отворен по повод големиот јубилеј – 150 години од разловечкото востание.

-Трескавец – после долги години застој конечно се заврши и проектот  за конзервација, реставрација, санација, отстранување на влагата и се изнајде решение за подот на црквата „Успение на пресвета Богородица“ во манастирот Трескавец. Во моментот се чекаат конзерваторски одобренија по што ќе следи и распишување  на постапка за повеќегодишна јавна набавка и почеток на реализација на овој капитален проект во вредност од 29 милиони денари во оваа фаза. И овој проект ќе го започнеме оваа година.

– Лешочки манастир– Во тек е постапка за избор на изведувач за завршување на работите за санација на фасадата и дограмата на Стариот конак во Лешочкиот манастир. Станува збор за реализација на последната фаза од проектот финансиран од МКТ  во вредност од 6 милиони денари.

-Целосна  заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Најголем дел од проектот за Курбиново се завршени, консолидирана е архитектурата на црквата , целосно е направена  и конзервација на ѕидното сликарство во внатрешноста на црквата. Она што остана да се заврши за овој проект е настрешницата и конзервација на фасадното сликарство. Основниот проект за настрешницата е завршен и очекувам до крајот на годинава да се реализира. За 2026 година ќе остане уште конзервација на фасадното сликарство.

Целосна реконструкција на Историска поставка во Завод и музеј во Битола, целосна обнова на Фасадата и партерното уредување на Музејот, реконструкција на спомен собите на Гоце Делчев и Стив Наумов, Каптален проект на МКТ е целосно завршување на Јени цамија.

– На Залив на коските или Музејот на вода во овој момент активно се работи на завршување на санацијата на целиот музјески комплекс кој беше оставен на заборав на времето.

Капитален проект  на МКТ е и  Џамијата во с. Равен во Гостивар на кој активно се работи во овој момент и овој проект ќе биде готов следнат година.

Оваа година интензивно работиме  и целиот наш фокус е ставен на следниве инфраструктурни капитални проекти и тоа:

– Изградба на Универзална сала

Се изврши испитување на постоечката конструкција, според кое дадени се насоки за дополнително статичко појачување на конструкцијата што подразбира измена и дополнување на проектот. Според овие анализи се изврши измена на проектната докуменатција во форма на нова проектна документација, по која до крајот на овој месец ќе биде и објавен јавен оглас за избор на субјекти за изведба и стручен надзор за реконструкцијата.

Се отстранија и сите други административни пречки и недостатоци во постапапките и очекувам продолжување со реконструкцијата, што би било некаде во текот на месец септември оваа година.

-Турски театар -Интензивно се работи на новиот објект на Турскиот театар. Во тек е третата фаза  од изградбата односно изведба на инсталациите во објектот, како и изведба на сценско театарските технологии со внатрешното уредување и опремување. За реализација на овие активности предвидени се 84.000.000 денари, а дел од овие средства ќе бидат обезбедени со ребаланс на буџетот за 2025 година.

Изведба на работи за реконструкција – санација и адаптација на објект напоранешно кино “Партизан” во Битола при НУ Народен театар – Битола

Сите административни процедури завршија, на 17 јуни извршено е воведување во работа на градежните работи,  и со тоа овој каптален проект започнува да се реконструира.  Овој објект кој со децении е нефункционален и служи како магацин,  се очекува дека ќе биде отворен како мултифункционален културен објект во 2027 година.

Вредноста на овој проект е 94.000.000,00 денари

– Реконструкција на зградата на објектот на театарот во Куманово при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев„ – Куманово

За овој проект во најскоро време ќе биде објавена јавна набавка за продолжување и целосно завршување на предвидените работи како повеќегодишна јавна набавка во вредност од 143 000 000 денари.

Реализацијата на Изведбените работи за реконструкција на објектот на НУ Музеј на Македонија очекуваме наскоро да започне, односно по обезбедување на одобрението за реконструкција. Вредноста на овој проект е 900.000.000,00 денари, а ќе се работи неколку години.

Изградба на „Стар театар“ во Струмица – проектот беше стопиран повеќе години. Сите активности за откочување на процесите завршија и во тек е постапка за јавна набавка за реализација на Основниот проект за изградба на театарот во Струмица. Очекувам и овој капитален проект во најскоро време да продолжи со реализација. Вредност на проектот е 196.178.935 денари.

– Продолжување со изградбата и на Театар и библиотека во Тетово по предвидената динамика.

Преку МКТ во моментов се реализираат 4 капитални проекти на општините од областа на културата  и сите се во тек на реализација. На  првиот повик за финасирање на инфраструктурни проекти на општините  4 оптини добија инфраструктурни проекти и тоа:

-Општина Гази Баба – Реконструкција и санација на објект на Дом на култура „11тиОктомври“ – реализација 26.059.409,00 денари

-Општина Радовиш – Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на Радовиш – реализација 11.647.542,00 денари

-Општина Гевгелија – Партерно уредување со комплетна замена на подземна инсталацијана ул. Бранд Петрушев и ул. 7-ми Ноември (Стара чаршија) во Гевгелија – реализација –4.125.000,00 денари

-Општина Гевгелија – Конзервација, реставрација и реконструкција на дуќаните во Старата чаршија во Гевгелија – реализација 2.940.000,00 денари.

На вториот повик за финансирање на проекти на општините пристигнати се 14 проекти  кои се во фаза на евалуација.

Во текот на оваа една година на Министерството за култура е влезе и туризмот.

Она што сакам да го истакнам во делот на туризмот е дека како МКТ во изминатиот период започнавме со спроведување на серија институционални, реформски и организациони мерки со цел подобрување на функционалноста и координацијата во туристичкиот сектор. Во напредна фаза е процесот на преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што се создава единствена адреса за сите прашања поврзани со туризмот во земјата.

Со екипирање на два нови сектори за туризам во рамки на Министерството, се консолидира системот и се создава поврзана и функционална институционална целина што ќе одговори на реалните потреби на туристичкото стопанство. Овој чекор е дел од поширока стратегија за институционална ефективност и подобрување на услугите што ги добиваат чинителите во туризмот. Инвестирањето во квалитетот и професионалноста на туристичката дејност  претставува клучен приоритет за позиционирање на Македонија како конкурентна, одржлива и атрактивна дестинација.

Превземени се активности и се формираат работни групи со претставници од приватниот туристички сектор со цел, креирање на ефективна развојна програма за 2026 година, со фокус на одржливи форми на туризам, со активна промоција на културниот и транзитниот туризам.

Министерството за култура и туризам ја зацврстува својата улога како клучена институција во унапредувањето на туристичката дејност со проширување на ингеренциите и активна вклученост во креирањето на туристичките политики и  квалитетна, професионална и конкурентна туристичка понуда.

Во оваа прилика сакам да соопштам еклузивни новости кои се во насока на севкупниот развој на културата и туризмот, имено согласно со ребалансот на буџетот за 2025 година, обезбедивме дополнителни 155 милиони за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145.000.000 милиони денари за Агенцијата за филм.

Исто така, со измената на законот за игри на среќа кој е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат 4%, а исто така и Агенцијата за филм ќе добива 3% од уплатените давачки за игри на среќа. Овие доплнитилни сретства претставуваат силен инпут за развој на овие два сектора

Љутков посоти оти резултатите се видливи, а најави и дека не очекува плодна втора половина од годината во која ќе бидат доставени на увид на стручната јавност новите 2 стратегии за култура, како и онаа за заштита на културно наследство, нови закони, реализација на бројни меѓународни активности, нови конкурси во функција на поддршка на културата и уметноста како и стимулирање на творештвото.

Граѓаните имаат право на култура што инспирира, гради и зближува. Нашата работа штотуку започнува, исклучително е одговорна. Секој проект, секој настан и секоја иницијатива што ја поддржуваме ќе ги отвори вратите за нови можности. Верувам дека нашиот ангажман ќе продолжи да расте, бидејќи верувам во потенцијалот на нашата култура и туризмот кои треба да создадат позитивни промени и да донесат свежина во нашето општество. Културата ја враќаме на нејзиното место: во срцето на општеството, а туризмот ќе биде нејзината нераскинлива врска кој неминовно ќе донесе економски просперитет и бенефит.

Поврзани вести