
Извештајот за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро е официјално доставен до УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Како што изјави министерот, одговорот дали Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност се очекува во јуни, на следната сесија на УНЕСКО што ќе се одржи во Јужна Кореја. Тој нагласи дека институциите мора да бидат подготвени за сите можни сценарија.
Љутков истакна дека состојбата со Охрид и Охридското Езеро е резултат на нешто што трае повеќе од три децении. Извештајот е изготвен врз основа на податоци од сите релевантни институции и во координација со Албанија, а бил разгледан и усвоен од Националната комисија за УНЕСКО и од Владата.
Во меѓувреме, формиран е и Кризен штаб кој одржал два состанока и дал мислење за состојбата и понатамошните чекори. Според министерот, рокот од седум месеци што го постави УНЕСКО е јасен сигнал дека постои сериозен ризик регионот да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.
Македонија и Албанија имаа обврска до 1 февруари 2026 година да достават детални извештаи за преземените мерки, со цел да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство.

Македонски



