Skip to main content

Љупчо Милевски е именуван за в.д. директор на Битолскиот камерен оркестар

Втората половина од концертната сезона за 2025 година ја отвораме со организациска промена – на местото в.д. директор е именуван Љупчо Милевски, соопштија од Битолски камерен оркестар.

Досегашниот в.д. директор Дејан Цветковски успешно ја извршуваше оваа функција и остави силен печат во развојот на оркестарот во периодот на неговото раководење. Од тимот на Камерниот оркестар му изразуваме благодарност за неговата посветеност и придонес.

Со голема доверба и надеж ја пречекуваме новата улога на Љупчо Милевски, кому му посакуваме успех во понатамошното водење на институцијата и остварување на амбициозната уметничка мисија.

А ние остануваме верни на својата цел – преку серија концерти и соработки да ја доближиме класичната музика до публиката и да ја зајакнеме културната сцена на Битола и регионот.

Поврзани вести