Skip to main content

Лешочки камерен музички фестивал во петти пат во Тетово

Лешочкиот камерен музички фестивал и годинава ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ”, со три фестивалски вечери. По два концерти ќе се одржат на 12 и 18 септември и еден на 14 септември.

Свеченото отворање ќе биде на 12 септември кога ќе се одржи и првиот концерт од 18 часот на кој ќе настапат Михаило Арсенски-тенор и Зоран Станишиќ -пијано, а на вториот концерт од 19 часот ќе настапи Арбер Таири-виолина, инаку од Тетово и Анастасија Грговска-пијано.

На втората фестивалска вечер на 14 септември ќе настапат гостите од Србија и Италија – Ангела Братиќ –флејта и Диана Ночиеро-пијано, со почеток во 19 часот.

На третата фестивалска вечер на 18 септември, првиот концерт во 18 часот е резервиран за младите музички уметници Бисера Кировска-виолина во пијано придружба на Маја Шутевска Кировск и младиот пијанист Гент Исени. На вториот концерт од 19 часот ќе настапат Трио Анимато: Светлана Димитриевска-пијано, Симона Марочковска Манојловска-флејта и Даниела Неделковска-флејта.

Целта на фестивалот е приближување на различните култури преку музиката, како и промовирање на истакнати и млади музички уметници од Полошкиот регион, со едно гостување од странство.

Покрај заживувањето на концертниот живот во Полошкиот регион, мотото на фестивалот е –„Зближување преку уметноста-приближување на различни култури преку универзалниот јазик-музиката“ посебно на двете најголеми етнички заедници во овој регион македонската и албанската. Идејата за фестивалот на необично и егзотично место тлееше во нас веќе подолг период и многу сме среќни што во 2021 ва година успеавме за прв пат да го реализираме овој фестивал. Инаку, одржувањето на вакви фестивали на необични, атрактивни, планински,егзотични места и локации се од особено културно значење за една земја и долги години е во тренд во сите поразвиени европски земји, информира Маја Шутевска Кировска, уметнички раководител на фестивалот.

И оваа година Министерството за култура финансиски го поддржа одржувањето на фестивалот.

Поврзани вести