
„Куќата на границата“ на Регионалниот театар од Нови Пазар е на репертоарот на вториот ден на Млад отворен театар (МОТ) вечерва, на 20 ноември, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“. „Куќата на границата“ е дело на Славомир Мрожек, а во режија на нашиот Андреј Цветановски.
„Куќа на граница“ е приказна која зборува за една фамилија која сака само да живее мирно, и одеднаш во нејзиниот дом се појавуваат дипломати кои сакаат да нацртаат граница која поминува насред куќата. Звучи познато нели? Оваа фамилијарна драма зборува за одземање сé што имаат, сонуваат, зборуваат и замислуваат, се додека не останат без ништо. Низ оваа горка комедија ќе видите многу паралели со начинот на кој денешниот свет функционира“ – вели Цветановски.
Претставата е одлична илустрација за тоа до кој степен сме способни да се понижиме себеси, слепо почитувајќи ги бесмислените бирократски норми на „новиот“ свет, кој од нас треба да направи покондурени господа.
Како креативен македонски тим на претставата покрај режисерот се и Димитар Андоновски автор на музиката и Сергеј Светозарев на сценографијата.

Македонски








