
Во Центарот за култура “Иљо Антески – Смок”- Тетово, денес со почеток во 19:30 часот, концерт ќе одржи ансамблот „Танец“.
Настанот под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ ќе ве поведе низ богатото културно наследство на нашата земја. Ансамблот „Танец“ ќе го донесе духот на традицијата преку маестрални кореографии, живописни костими и звучни народни мотиви што ќе ги разиграат вашите срца, велат организаторите.