Skip to main content

Концерти на „Карла Левински“, „СИЗ“ и „Нема спас“ на вечерашната Гитаријада во Куманово

Фото: Плакат

Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва, ќе се одржи „Гитаријада Куманово 2025“. Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт од Куманово, граѓаните ќе имаат можност да ги проследат концертните настапи на бендовите „Нема спас“, „СИЗ“ и „Карла Левински“.

– Ќе настапат три бенда од Македонија. Вечерта ќе ја отвори „Нема спас“ од Куманово, ќе следува настапот на „СИЗ“ и последни ќе настапат бендот „Карла Левински“ поранешен „Ласт Експедишн“. Ги покануваме сите да уживаат. Манифестацијата е поддржана од програмата на општината и одвоени се 300.000 денари, изјави в.д директорот на Фондацијата, Сања Давидовиќ.

Настанот, додаде, е врежан во трајната меморија на кумановци, како една од ретките можности каде бендовите имале можност да го презентираат нивниот звук. 

Настанот е во организација на Фондација за култура и спорт – Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Влезот за посетителите е слободен.