Skip to main content

Концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип

 Вечерва во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари.

На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип, заедно со искусните членови на Националниот џез оркестар.

Овој концерт, кој се одржува по втор пат, ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез оркестар. Настанот претставува значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал.

Со оваа иницијатива се создава простор за меѓугенерациска размена и се поттикнува развојот на џез културата во нашата држава.

Поврзани вести