
Недела, 12 октомври 2025, 20 часот
Сала Империјал, Национална опера и балет
Програма
- Сара Сиљановска (2002):
- БОЖИЌНО УТРО за пијано (2025) – исполнува: Исидора Ангелеска
- ПТИЦИ за две флејти (2025) – исполнуваат: Ана Трсунова и Јосипа Василевска
- INNER GROOVE за виолончело (2024) – исполнува: Маја Михајловска
- COZY за пијано (2024)
- НЕКОЈ ТРОПА НА ВРАТАТА за баритон и пијано (2025) – исп. Дејан Симоски и Исидора
Ангелеска
- Лука Јанкулоски (2002):
- WHENEVER I GO за пијано (2022) – Текст: Паоло Руфили
- TWO MINIATURES за пијано (2022)
- Бојан Димитровски: (2002):
- 0BSES51VE за пијано (2025)
- MORNING DEW за пијано (2024)
- SOLITUDE за флејта (2025)
- ДОЖД за баритон и пијано (2025) – исп. Дејан Симоски и Злата Даниловска
- Никола Ѓоргиев (2002):
- LILY OF THE VALLEY за пијано (2024)
- ЖРТВЕНО ЈАРЕ верзија за сопран и пијано (2024) – Текст: Акад. проф. д-р Катица Ќулавкова
- ОСОГОВСКИ ИЗВОР за пијано (2023)
- ПАНДОРИНАТА КУТИЈА за флејта, пијано, виолина и контрабас (2025)
- Зоран Трајчески:
- HYPNOTIC за пијано
- КОЛЕРИК за пијано
За концертот
Во рамките на годинашното фестивалско издание, на сцената ќе прозвучат новите композиции на младите автори и студенти по композиција Сара Сиљановска, Лука Јанкуловски, Бојан Димитровски, Никола Ѓорѓиев и Зоран Трајчески, изведени од нивните колеги – студентите по музика.
Фестивалот „Денови на македонска музика“ е клучна платформа за развојот на новите генерации музички автори – простор кој им нуди можност на младите композиторски надежи да го претстават своето творештво пред јавноста, а на публиката и музичката критика да добијат јасна слика за насоките и правците во кои тоа се развива.
„Како особена новост, која го насочува погледот кон иднината на македонското творештво, е враќањето на сцената на Концертот на млади композитори по пауза од речиси десет години. Оваа програмска одлука го потврдува фестивалот не само како чувар на наследството, туку и како активен двигател на новата музичка мисла,“ истакнува уметничкиот директор на фестивалот, композиторот Филип Иванов.
Преку оваа можност за изведба на делата на младите автори, ДММ не само што игра клучна улога во развојот на новото македонско музичко творештво, туку и создава мост помеѓу традицијата и иднината.
Влезот на концертот е слободен.