Skip to main content

Книжевно патување со авторката Алекандра Велинова по повод Светскиот ден на литературата за деца

По повод Светскиот ден на литература за деца, со поддржка на Општина Охрид, ќе се одржа едукативната работилница и литературна средба со авторката Александра Велинова „Учиме, патуваме и природата ја чуваме“, во основното училиште „Св. Климент Охридскки“ во Охрид.  Наумовите и Климентовите ученици  на креативен и интерактивен начин „патуваа“ низ светот на книгите, природата и фантазијата.

Книгите се нашите најубави патувања – од нив учиме, се инспирираме и нè прават подобри луѓе.Децата се најискрената и највдахновувачка публика – нивната љубопитност, прашањата и фантазијата секоја средба ја прават посебна. Се надевам ќе ја поттикнеме навиката за читање, и ќе ја развиеме креативноста и свеста за заштитата на животната средина. Но, што е уште поважно кога се повеќе отсуствува емпатија дека ќе го поттикнеме меѓусебното почитување -вели  Велинова.

На првата станица  учениците се запознаа со подводниот свет на Охридското езеро преку илустрираната книга за деца „Домот на пастрмката“. Ги збогатија своите знаења за ендемските видови и значењето на заштитата на природата, со посебен акцент на охридската пастрмка.

Во „Магичниот град“, пак, се отвори разговор за емоциите, другарството и емпатијата, при што децата креираа свој замислен град на добрината.

Голем интерес предизвика  и станицата „Со Ками во Египет“, каде учесниците дознаа повеќе за пирамидите, фараоните и животот во пустината, а нурнаа и во подводниот свет на Црвено Море.

Во „Дино парк“, децата се запознаа со светот на диносаурусите, нивниот изглед, исхрана и големина. Додека на станицата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ се разговараше за убавината, заштита на македонските планини и придобивките од престојот во природа.

„ На крилјата на самовилското коњче“ ги развива еколошките навики.

Во завршниот дел, секоја група сподели што научиле и кое „патување“ им било најинтересно.

Поврзани вести