Skip to main content

Јовица Ивановски прославува двоен јубилеј: 30 години творештво и 12 книга поезија на 15 декември во „Лабораториум“

Во понеделник, 15 декември, во 20 часот, во новиот „Лабораториум“ (12 Македонска Ударна Бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница – некогашен Јукан), ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Јовица Ивановски

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Поврзани вести