Skip to main content

Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш во КСП Центар – Јадро

Во КСП Центар -Јадро, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена осмата изложба на Мартина Рмуш.

Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, Шпанија.

Најчесто црта со акрилни бои на платно или со мермерни мастила на вода, но во последно време сака да експериментира и истражува преку колажи и мозаици. Оваа изложба го носи насловот „Сè, во својата пролет“ и е колекција на дела од различни етапи од нејзиниот креативен процес, вклучувајки ги и нејзините први платна.

Изложбата ќе биде отворена до сабота, 17 мај 2025 година.

Поврзани вести