
Денеска, 5 декември во 13.30 часот во Ликовната галерија на Ценарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Сликите од Живковиќ представуваат облик на неговиот интимен визуелен дневник на воспоставување однос со природата – циклус кој што тој постапни и прецизно го развива во последниве години.
Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.

Македонски







