Од 17 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Уметничко (по)стоење“ од ликовната уметничка Јулијана Гешоска.
Гешоска е уметник со долга и плодна кариера и надвор од границите на Македонија.
Таа се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија(Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник нанад 30 ликовни колонии проследени со изложби.
Кога стоиме меѓу делата од најновата импресивна серија слики на Јулијана Гешоска,обединети околу клучниот збор „Постојам”, спонтано ни се наметнува мислата дека за оваауметница несомнено важи геслото „Сликам значи сум!”. Ова мото веројатно би можело даси го преведеме барем на три начини: „Постојам за да сликам”, „Кога сликам вистинскипостојам”, или, „Во и преку насликаното токму сега (но и секогаш ќе) постојам”.Всушност, кога стоиме пред гигантските платна, диптиси, триптиси, полиптиси на ЈулијанаГешоска, но и пред сликите во помали димензии, низ нас прострујуваат идеи дека сликањетоза неа е и мислење и чувствување и на светот наоколу, но и светот во себе. Во нејзинитеслики може да се почувствува сè освен рамнодушност: тие и вознемируваат и смируваат,и (нè) разигруваат и растреперуваат, воодушевуваат и вознесуваат, пред сè благодарениена бројните колористички и композициски свежи и смели решенија и изведби. Трагитеод широките и импулсивни потези во повеќеслојното нанесување на боите прават да сечувствуваме како сведоци на раѓањето на сликарските визии на Јулијана.Во нејзината најновата серија платна да се постои значи да им се даде нов живот на боите инијансите, но и буквално да се живее, да се бивствува во и низ боите: во нивните необичнивибрации и комбинации, неочекувани пластови и значења, во нивните нанеси и вознеси,во нивните рабови и зони на меѓусебни допири, во нивните претопувања и проникнувања.Во сликите на Јулијана, боите имаат синестетичка моќ: тие се и звуци и мисли и духовниенергии, како што пророчки посакуваа родоначалниците на апстрактното сликарство.Затоа, кога стоиме пред платната на Јулијана, ни се наметнуваат асоцијации на тезата на МиланКундера, кој сметаше дека нема потреба да се интервјуираат писателите т.е. уметниците,бидејќи сите одговори се веќе вткаени во нивните дела.Во сликите на Гешоска има и приказни и песни и цели колористички симфонии, има имонолози и дијалози, но и многу „прашања и одговори” од насликани разговори.Оттука, кога стоиме пред најновите слики на Јулијана Гешоска, кои несомнено се плод инадоврзување на сè што создала и претходно, не е тешко да насетиме дека уметноста знаепонекогаш да нè потсети на најубав начин дека вреди да се постои (меѓу другото) за даможеме да ги видиме овие убавини, вели проф. Др. Владимир Мартиновски.
Јулијана Гешоска е родена во Скопје, Македонија, во 1961 година.Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, 1990, додекапостдипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, отсекграфички дизајн, со магистратура од мултимедијален арт, 2008 година.
Нејзини самостојни претставувања се: „Самостојна изложба на слики и инсталации“, ДаутПашин Амам – Скопје 1992; „Слика во слика„ Скопје, 2008; „Играта на актот“ Пула, Хрватска,1991; „Остави го шеширот и оди“ Скопје, 1998; „Измислен пејзаж“ Љубљана, Словенија, 1999;Интерактивна изложба со минувачи, Рогашка Слатина, Словенија, 1999; Мултимедијалнаизложба „Зад лицето – лик“ Мала станица, Национална галерија на Македонија, Скопје 2005;Мултимедијална изложба „01.01.200…? 12:00 часот“ Мала станица, Национална галерија на Македонија, Скопје 2009, самостојна изложба Приштина 2008.
Се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија(Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник нанад 30 ликовни колонии проследени со изложби.