
МНТ е дел од годинашниот престижен театарски фестивал „Брчко Дистрикт“ во БиХ, каде селектор е реномираниот актер и режисер Ирфан Менсур – култно име на сцената на поранешна Југославија.
Изборот на селектирани претстави е внимателно скроен, носи баланс помеѓу класични дела и современи сценски јазици, а секоја претстава е одраз на висок уметнички критериум и длабока чувственост кон времето во кое живееме.
Менсур со силна порака:
Фестивалот не е само театар – тоа е средба на луѓе кои ја делат истата потреба: да се препознаат себеси во уметноста. Театарот нè ослободува. Ни дава храброст да зборуваме, да се смееме, дури и кога боли. Храброста опстанува.“
Во рамки на фестивалската програма, особено внимание привлекува претставата „Народен пратеник“ на МНТ, од комедиографот, Нушиќ, во режија на Егон Савин.
Менсур ја оцени претставата како пример за жив и ангажиран театар:
Ова е текст од пред повеќе од 140 години, но денес звучи како да е напишан вчера. Манипулација, алчност, власт – сè уште се дел од нашата реалност. И останува само едно прашање: дали да се смееме или да плачеме? Ајде да се смееме – полесно е.“
Театарот останува нашето огледало. А кога се гледаме искрено – тогаш има надеж.