
Во Естонскиот центар за литература за деца во Талин, Естонија, неодамна беше отворена изложба на илустрации и кукли под наслов „Сите чувства се исправни“.
Чест ми е што учествувам на оваа изложба со мои илустрации, по покана на центарот, на која учествуваат врвни илустратори од целиот свет, меѓу кои и Beatrice Alemagna, Elena Repetur, Mark Janssen и други.
Изложбата ќе трае до 06.06.2026, па доколку се најдете во Талин во овој период, повелете и посетете ја
Инаку, сликовницата „Девојче и мече“ минатата година беше преведена на естонски јазик и објавена во издание на издавачката куќа Päike ja Pilv, вели Ване Костуранов.

Македонски




