Skip to main content

Факултетот за ликовни уметности – Скопје ја организира 45. Годишна завршна изложба

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска и утре ја организира „45-та Годишна завршна изложба“, што ќе се одржи во просториите на факултетот на кампус „Педагошка“ и во културно-историскиот објект Сули ан.

Изложбата претставува кулминација на академската 2024/2025 година, на која публиката ќе има можност да види селекција на уметнички дела од сите студенти на ФЛУ – од сите четири студиски години и од сите насоки: сликарство, скулптура, графика и ликовна педагогија, и од изборните предмети како сценографија, графички дизајн, фотографија, конзервација и реставрација, и други.

Програмата вклучува изложби во сите ателјеа и галерии на ФЛУ – во трите објекти „Педагошка“, Ателјеата за скулптура и Сули ан. Во Галерија ФЛУ ќе биде поставена изложбата на наградените студенти од четврта година, додека во Галеријата „Д.А. – Гуте“ во Сули ан ќе има изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“.

Настанот е отворен за јавноста и претставува одлична можност да се запознае работата, креативноста и иновативноста на младите уметници.

Поврзани вести