Skip to main content

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот“

Државниот архив на Република Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите.

Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, а годинешната тема ја нагласува улогата на архивите како значаен општествен фактор во зачувувањето на колективната меморија и заштитата на граѓанските права.

Во рамки на Архивската недела, која ќе трае до 12 јуни, Државниот архив организира повеќе настани со цел промоција на архивското наследство и неговата достапност до јавноста. Од институцијата посочуваат дека архивите не се само чувари на минатото, туку и активни чинители во развојот на современото општество.

Како дел од програмата, утре во 12 часот во Музејот на тетовскиот крај во Тетово ќе биде промовирана книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија. Следниот ден, на 10 јуни, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи промоција на јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследена со изложба по повод јубилејот на институцијата.

Поврзани вести