Skip to main content

Долги аплаузи и бис за музичкиот проект „Извор“, во Белград

Преполна со публика беше синоќа салата на Културниот центар Белград, за да го проследи музичкиот проект „Извор“ во исклучително впечатлива изведба на македонските музички уметници Владимир Лазаревски (обоа), Памела Велкова (виолина) и Марко Виденовиќ (композитор и пијано). 

Музичкиот проект и музичките уметници ги претстави директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров а настанот го поздрави и македонскиот амбасадор во Р. Србија, Никола Тупанчески.

Овој музички проект кој содржи десет современи музички теми е поддржан од Министерството за култура и туризам, а партнери на КИЦ Белград во организацијата на овој исклучително топло примен музички настан беа Културниот центар на Белград и Националниот совет на Македонците во Србија.

Поврзани вести