Skip to main content

Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење – Заврши петдневниот едукативен проект на Француската Алијанса во Битола

Деновиве,  Битола беше сведок на еден сосем необичен настан кој ја разбуди љубопитноста на граѓаните, особено на младите. Имено со последната од петте креативни прошетки кои се случуваа во централното градско јадро на Битола како и ОУ Климент Охридски Битола, водени од францускиот театарски експерт Метју Пулет, учениците по француски јазик  од Битола имаа единствена можност преку креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, да доживеаат едно сосем поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот. Проектот започна на 14.10 со работилници наменети за професорите по француски јазик, за употреба да театарски техники при изучување на францускиот јазик, за потоа да продолжи со креативни работилници со ученциите по француски јазик и мултимедијално искуство преку разглед и интерпретација на изложбата поставена во централниот дел од Битола. Во сабоата на 18.10 оваа изложба беше поместена во ОУ Климент Охридски Битола, каде разбуди голем интерес кај учениците по француски јазик. Да потсетиме дека овој мини едукативен проект е во организација на ЦКД Битола, Француската алијанса од Битола во соработка со Францускиот институт во Скопје и е дел од активностите за популаризација на францускиот јазик помеѓу учениците.

Поврзани вести