Skip to main content

Денеска почнува „Yes фестивал 2026“

Со книжевниот настан „YES за кратка проза“ во галеријата „Чудна шума“ вечерва во 20 часот ќе биде отворен „Yes фестивал 2026“. Во текот на наредните седум дена, на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, Младинскиот културен центар, креативното студио „Умна Куќа“ и во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ (централен објект, библиотека „Другарче“ и библиотека „Цветан Димов“) ќе се одржуваат две различни програми, книжевни вечери и промоции и програма за деца (читачки и креативни работилници).

На отворањето вечерва свои дела ќе читаат: Иван Шопов, Владимир Лукаш, Долорес Атанасова Лори, Биљана Стојановска, Хана Корнети, Ѓоко Здравески, Драгана Лукан Николоски, Живко Грозданоски, Филип Димевски, Билјана Црвенковска и Ненад Јолдески.

Во рамките на фестивалот ќе има четири гостувања на автори и илустратори од Белгија, Албанија, Словенија и Хрватска и претставување на делото на еден украински автор, учество на 12 македонски писатели во двете програми (вечерна и програма за деца и млади) и изложба на македонски уметници.

Поврзани вести