
Во галерија ОСТЕН денеска напладне ќе биде отворена групната изложба на слики, цртежи и објекти „ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2025“.
Учесници се: Жанета Вангели, Мице Јанкуловски, Синиша Кашавелски, Блаже Крстаноски Блажески, Свето Манев, Миро Масин, Ристо Мијакоски, Томе Мишев, Данчо Ордев, Станко Павлески, Ирена Паскали, Симонида Филиповска Китановска, Роберт Цветковски и Ана Трајковска.
-Изложбата е повод не само да се изложат слики во галерија, туку да се собереме во простор трансформиран во жив дијалог на визии, емоции и идеи. Целта е да ја прославиме извонредната моќ на современата уметност и да им оддадеме почит на творците кои, со својот талент и посветеност, го обликуваат нашиот визуелен и емоционален пејзаж. Овој годишен избор на ОСТЕН претставува повеќе од признание, тој е доказ за година на длабока креативност, пресек на динамичниот и разновиден уметнички дух што цвета меѓу нас. Сите уметници, учесници имаат различни потекла и дисциплини, но заедно формираат прекрасен мозаик од нашето споделено човечко искуство и културно и уметничко наследство, наведува ОСТЕН во најавата.

Македонски



