Претставата “Нема струја за електричниот стол”, од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројковски, беше изведена на сцената “Пера Добринивиќ” во Српско Народно Позориште во Нови Сад, вчера на 30 ноември 2024 година.
Ова е четврта меѓународна изведба на претставата, по премиерата на матичната сцена на велешкиот театар на 8.4.2023. До сега претставата беше изедена на сцените на:
Драмски театар Пловдив, Р. Бугарија, во рамки на Меѓународниот фестивал “Сцена на Крстопат”МТФ Војдан Чернодрински, Прилеп
Интернационален фестивал на монодрамата Битола, во чест на лауреатите
Драмски театар Скопје
Београдско драмско позориште, Белград, Р. Србија
ФИАТ Подгорица, Р. Црна Гора