
Во своето обраќање на 25. сесија на Генералното собрание, Директорката Честоева ја реафирмираше силната посветеност на Македонија кон мисијата на УНЕСКО. Во излагањето беше нагласено суштинското значење на Конвенцијата како темелна меѓународна рамка за заштита на културните и природните вредности, како и исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион. Во овој контекст беше истакната и улогата на Управата во унапредувањето на системот за заштита, преку тековните реформски процеси што го зајакнуваат управување и долгорочното планирање на заштитата на културното наследство.
25-тата сесија на Генералното собрание на Конвенцијата за светско наследство се одржува на 24-25 ноември 2025 година во седиштето на УНЕСКО во Париз. Македонската делегација, предводена од директорката на Управата за заштита на културното наследство г-ѓа Весела Честоева како шеф на делегацијата, активно учествуваше во сите активности.
За време на Генералното собрание, земјите-потписнички на Конвенцијата одлучуваа кои држави ќе ги пополнат местата на дванаесетте членки чиј мандат завршува во Комитетот за светско наследство. По целодневното гласање беа избрани новите членки на Комитетот: Ерменија, Азербејџан, Бангладеш, Чешка, Гренада, Кувајт, Монголија, Перу, Полска, Швајцарија, Того и Танзанија.
Во рамките на престојот во Париз, македонската делегација оствари и значајни билатерални средби.

Македонски








