Skip to main content

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ: Да си подадеме рака како нашите предци и заеднички од Македонија да направиме подобро место за живеење

ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката од партијата. ВМРО-ДПМНЕ.

Денот на македонската револуционерна борба е важен ден од македонската историја, кој не потсетува дека слободата не била ниту лесно стекната, ниту подарена.

23 Октомври далечната 1893 година е потсетник за првата семакедонска организација, кога основачите со визија, идеали и со револуционерни идеи зачекорија по патот на слободата и македонската државност.

Ова е ден кога со гордост се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери, затоа што без нивната прогресивност и силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на борбата и вековниот идеал на Македонците за слободна и независна македонска држава.

Ние сега слободно живееме во демократска Македонија која ни ја оставија нашите предци, а наша обврска и аманет е со почитување и учење на минатото да ја градиме иднината на просперитетна и развиена држава.

Да си подадеме рака сите, како што направиле нашите предци, и заеднички да направиме од Македонија подобро место за живеење каде што новите генерации ќе ја градат иднината.

Нека ние е честит и вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести