
Во Општина Гевгелија извршивме увид во градежните работи на Старата градска чаршија, проект кој претставува значајна инвестиција од над 40 милиони денари, насочена кон унапредување на урбаното јадро и зачувување на локалното културно наследство, објави на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
Истовремено, извршивме увид и во градежните активности за изградба на нов парк со детско катче, на површина од 3.150 м², кој ќе обезбеди нов, современ и безбеден простор за рекреација и одмор на најмладите и на граѓаните.
Континуирано се грижиме и сме целосно посветени на реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани.
Увид во реконструкцијата на Старата чаршија во Гевгелија – културно наследство од XIX век со Претседателот на Владата проф д-р Hristijan Mickoski и градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија , обајави на фејсбук директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева.
Со инвестиција од над 40 милиони денари, проектот опфаќа реставрација на дуќаните, ново поплочување, урбана опрема, осветлување и подземни инсталации.
Чаршијата ќе стане современо културно-туристичко јадро, атрактивно за сите посетители.

Македонски




