
Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува…“
За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува:
– За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се породи два дена подоцна
– За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново
– За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени деца на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале
– За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница
– За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани
– За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко
– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони
– За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и, за жал, починати.
– За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје
– За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него
– За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници
– За родителите кои го загубија второто свое дете, откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката
– За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата
– За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои, за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација и понатаму
– За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот
– За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многумина
Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание.
Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.