Возач е тешко повреден, а неговите сопатници поминаа со телесни повреди откако со возило излетал од крстосница во скопски Аеродром.
Како што пренесува МВР, вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(71), излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.