Skip to main content

Видевски како паднат од небо, не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ

Со Велибор Манев се знам одамна, од извидничкиот клуб во Велес. Потоа го немав видено се додека не ми се јави една вечер за да дадам потпис за формирање на партијата Десна. Љупчи Палевски го запознав во седиштето на Десна за верификација на партијата, го започна своето сведочење обвинетиот Боре Видевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Познанството е на партиска основа, рече во сведочењето Боре Видевски.

Тој вели дека во партијата размислувале да организираат литии против промената на името на МПЦ и првата литија била планирана за во Велес.

Вечерта на 21 ноември имав слава и бев дома, другиот ден бев на работа. Претпоставувам дека тоа што го гледавте на снимките е од тие подготовки, рече Видевски.

Вечерта на 26 ноември со Велибор пристигнавме во просториите на Десна. Останавме касно и тука преноќивме. Утредента станав околу 10 часот и отидовме за Велес, вели Видевски.

Другите денови сум во Велес бидејќи тренирам карате.

На 3.12 отидов на пазар и кога се враќав назад ми рекоа дека дома имам полиција. Отидов дома и ги прашав за што се дојдени. „Ќе ти кажеме во станица”. Во станица ми го земаа ташничето со документити и готовина. Ми рекоа дека мора да ме однесат во Скопје и оти таму ќе ми кажат. Ми ставија лисици. Во станицата ме прашаа дали имам адкокат, им кажав дека немам. Во ташничето не ми најдоа ништо. Ме ставија во келија и кога излегував оттаму еден од инспекторите ме повлече за раката и ме соборија и удираа. Почнаа да зборуваат за случајот и да ме тепаат. Ме прашуваа зошто сум го направил тоа. Ми рекоа: „Зборувај“. Им реков не знам бидејќи и не знаев. Еден од нив се испровоцира зошто се фатив да го заштитам трансплатираниот бубрег. Ме удираа секаде освен во главата. Ми покажуваа слики од нивните мобилни телефони а меѓу нив имаше слики од убиеното девојче. Тоа беше слика каде што се гледаше лев дел од шофершајна и рака од некој човек и адидас тренерка. Ми рече- еве си ти на сликата. Го постигнаа тоа што го сакаа, да, потпишам изјава дека сум виновен. Ме прашаа дали го знам таткото на девојчето – нормално дека не го знам. Еден со дрвена палка ми се закани “ќе те убијам ако не кажеш”. Имаше акцент од источна Македонија.. Ме однесоа во Обвинителството каде ме прашаа дали имам повреди. Реков не од страв. Ме прегледаа и видоа дека имам лузни и модрици. Побараа од мене да напишам изјава дека модриците ми се од тепањето. Ме однесоа во притвор и ме натераа да ги соблечам и почнаа да ме тепаат и удираат со чизми во стомакот. Ми го земаа и душекот, вели тој.

Сведочењето на Видевски е во тек.

Поврзани вести