
Жалам за ова што се случи но целата работа е извадена од контекст. Овој случај ќе остане запишан во учебниците по право. Соочени сме со дилема дали овие вие луѓе се сторители на кривичните дела и за која цел ги сториле. Намерата е да се направи дефокус и да се покрие неспособноста на луѓето кои ја воделе истрагата.
Ова на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, го истакна Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски.
Зошто беа убиени двете жртви и зошто овие луѓе се во судница?, праша Бојан Манев.
Споеред него ова е непотполн предмет со цел да им се наштети на обвинетите.
Видевски е женет и е татко на две женски деца. Згора на тоа е и каратист и не може да биде сторител на тешки дела, тврди Манев.
Според него, Обвинителството нема ниту еден доказ за делото што му се става на терет на неговиот клиент.
Ако сакал имал 12 дена да избега, но тој не го сторил тоа туку самиот се пријавува на повикот на велешката полиција. Откако го префриле во Скопје бил жртва на невидена тортура со цел да се извлече признание, иако има два трансплатирани бубрези. На 4.12 2023 со тортура е извлечено признание со невидена тортура, вели адвокатот Манев.
Тој праша зошто не се дозволи презентација на снимките од бензиските станици кај Велес, а за кои сведокот Гоце Трајковски рече дека се обезбедени од полицијата.
Ако Панче е убиен во 9 и 30 изутрина како е можно тој да се гледа жив околу пладне на бенсиска?, праша Манев.
Адвокатот праша и како пиштиолот на Видевски не е внесен во системот на евиденција.
Ова е уште еден доказ за пропуст во истрагата. Неговото признание е единственосо тортура, смета Манев.
Видевски, кој прво ги призна делата, во текот на судењето ја смени својата изјава и тврди дека не ни бил присутен за време на злосторствата, иако и Велибор Манев и Влатко Кешишов сведочат дека и тој бил дел од нивната група.