Skip to main content

Вчера казнети осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Фрипик

На 12.07.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во шумски предели на подрачје на Струмица биле преземени мерки и активности со цел утврдување дали од страна на граѓаните се почитува донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 01.07.2025 година, а ќе трае до 31.08.2025 година.

При контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми“, соопшти МВР.

За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.

Поврзани вести