Skip to main content

Тројца тинејџери од Скопје украле книги од Државниот архив на Македонија

Фрипик

Лишени од слобода крадци во Скопје кои украле книги во сопственост на Државниот архив на Македонија. Украденото е пронајдено и ќе му биде вратено на сопственикот.

Како што информираат од МВР, рано утринава (06.01.2025) во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.

По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести