Skip to main content

Трагедија во Гостивар: Усмртен велосипедист, уапсен возач

Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска околу 13 часот го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.

Повредениот, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.

По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести