
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи запреле малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно се однесувал кон нив.
Според полицијата ,синоќа во 22:10 часот, при сообраќајна контрола извршена на улицата „Јусуф Грвала“ ( поранешна Вељко Влаховиќ) во Дебар, полициски службеници сопреле патничко возило „Поло“ со дебарски регистарски ознаки и притоа констатирале дека возилото го управувал малолетник од Дебар.
По кратко време, на местото пристигнал неговиот родител кој го нарушил јавниот ред и мир со закани и агресивно однесување кон полициските службеници, потврдуваат од полицијата.
По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.