Skip to main content

Судот пресече: Штекли е „со сите“ – може да го следи судењето, иако тврди дека не го разбира обвинението

И покрај тврдењата на обвинетиот Раде Трајковски Штекли дека има свој имагинарен учител, дека имал змии во главата, дека го следи албанска мафија и полиција, сепак судечкиот совет пресече дека Штекли е психички способен да го следи судењето.

Психијатарката Оливера Суботин Поповска го убедила судот дека Штекли има „шизоидни карактеристики на личноста“, но нема никакво психичко растројство и е способен да го следи судењето.

Според судијата, вештачењето на неговиот психијатар Ѓорге Ангелковски не е контрадикторно со другото вештачење бидејќи и тоа вештачење не дава дијагноза за трајна, душевна болест.

Иако судот рече дека нема да има супервештачење и дека Штекли може да го следи судењето, сега обвинетиот вели дека не го разбира обвинението.

Другите обвинети, пак, велат дека не се чувствуваат виновни.