Skip to main content

Со 3.22 промили алкохол во крвта искршил сè дома и му се заканувал на татко си

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.С.(47) од Тетово, постапувајќи по
претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината.

По лишувањето, на О.С. му е извршено алкотестирање при што е констатирани дека има 3,22 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

Поврзани вести