
Вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, А.Е.(18) од Скопје , управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и удрила во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Е., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски








