Skip to main content

Се истепаа две затворенички во Идризово, едната заврши во болница

Вчера во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А..

Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести