Skip to main content
IQWCFApuQqQ

Санкции за возачот кој во Бутел возeл по велосипедска патека и барал лице во инвалидска количка да се тргне за тој да помине

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” од МВР известуват дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.

Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.

Поврзани вести