Skip to main content

Пукање поради долгови во Скопско

Во вторникот во 16.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(42) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести