
Битолчанецот Дарко Тодоровски кој работи како психолог во основно училиште е уапсен во вчершаната акција на полицијата и обвинителството за откривање на детска порнографија. Се проверуваа домови на лица од Струга, Струмица и Битола, а претресот кај Тодоровски открил дека тој во неговиот компјутер поседувал порнографски содржини со деца. Првичните сознанија покажале дека цели две години прибирал и споделувал материјали со слики и видеа со детска порнографија.
Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство – Битола.
Истрагата во земјава ја иницирала австралиската федерална полиција која работела на откривање интернет страници преку кои се споделувале слики и видеа од злоупотреби на деца. Такви содржини потекнувале и од Македонија, па полицијата од Австралија побарала помош од македонските колеги.
Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисници на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски ИП адреди од кои дел во Р.Македонија, за што е испратено известување до македонските истражни органи“, велат од Јавното обвинителство – Битола.
Претрес бил направен и во домот на стружанецот Борче Костески кој е претседател на здружението, „Бугарите во Струмичката петорка“ и водител на поткастот „Почетна пресметка“. Во видео објавено на фејсбук, тој негира дека се занимавал со детска порнографија, рече дека бил на распит во охридската полиција, а претресот го смета како притисок за да згаснел неговиот интернет медиум.
Вистината на крај ќе излезе. Јас сум цврсто убеден дека не сум виновен, дека немам некои такви работи и дека се од моја страна е чисто“, вели јави Борче Костески.
Од битолското обвинителство велат дека во рамки на акцијата, проверки за пронаоѓање на лица вмешани во детска порнографија се прават во Скопје и уште неколку градови.
На 31 годишниот битолчанец одреден му е притвор.. Осомничен е за производство и дистрибуција на детска порнографија, дело кое се казнува со најмалку осум години затвор.

Македонски


