Skip to main content

Приведен дрвокрадец од скопско

 Полицијата денеска приведе едно лице кое превезувало огревни дрва без документација во село Горњани.

Министерството за внатрешни рабори соопшти дека денеска околу 14.20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св.Никита во село Горњани, сопрено е патничко моторно возило „венто” со скопски регистерски ознаки, управувано од И.С. од с. Блаце, скопско. При извршениот преглед во возилото, констатирано е дека е натоварено со огревни дрва, без соодветна документација.

фото: МВР

И. С. е приведен согласно член 104 став 11 од Законот за шумите и спроведен во ПО Мирковци за понатамошна постапка. Известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави МВР.

Поврзани вести