Skip to main content

Претреси во „Идризово“, пронајдени над 30 телефони и дрога

Управа за извршување санкции

Во КПД „Идризово“ беше извршен претрес во отвореното одделение и беа пронајдени и одземени поголема количина на недозволени предмети.

При оваа акција беа запленети 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон.

Продолжуваме со борбата и сузбивањето на криминалот во затворите, велат од Управата за извршување санкции.

Поврзани вести